Одредени четвртфиналните парови во Купот на Македонија

0

Денес во просториите на ФФМ беа извлечени четвртфиналните парови во Купот на Македонија. Сите осум екипи кои се дел од четвртфиналето се од ПМФЛ,односно прволигаши.

Дербито ќе го одиграат екипите на Силекс и Шкендија, дуел кој би требало да биде најнеизвесен во оваа фаза на Купот на Македонија.

Четвртфинални парови во Купот на Македонија:
Акадамемија Пандев – Шкупи
Струга Трим Љум – Ренова
Беласица – Македонија ЃП
Силекс – Шкендија

Натпреварите од четвртфиналната фаза ќе се одиграат на 25 ноември и ќе се игра само еден натпревар.

Share.

Leave A Reply