Денеска со ждрепката беа одредени двојките за 1/2 финалето во Купот на Македонија. Ждрепката посака во првото полуфинале да се судрат Беласица и Македонија ЃП, додека во второто ќе играат Академија Пандев и Победа.
Првите натпревари се закажани за во март следната година, а реваншите во април.