Одредени се сатниците за завршницата на ракометниот Куп

0

Ракометната федерација на Македонија и организаторот Еурофарм Работник ги објавија термините за завршницата на 25 ракометен Куп на Македонија, кој ќе се одржи во Битола.

Во спортската сала – „Младост“ во полу-финалето на 20 мај, екипата на Еурофарм Работник од 17.30 часот ќе игра со Охрид додека во дербито од 20.30, составот на Вардар кој е главен фаворит за освојување на победничкиот пехар ќе се сретне со тимот на Металург.

Победниците од двата меча в недела на 21 мај во вечерниот термин ќе играат во големото финале.

 

Share.

Leave A Reply