Одредени термините за полуфиналните средби во Лигата на шампионите

0

Европската фудбалска централна (УЕФА) ги објави точните датуми за одигрување на полуфинални средби во Лигата на шампионите.

Првиот дуели од полуфиналната фаза е на 30 април и во него Тотенхем ќе го пречека Ајакс на новиот стадион. Ливерпул гостува на „Камп Ноу” на 1 мај, по што ќе ја пречека Барселона на „Енфилд” на 7 мај. Ден подоцна ќе биде и реваншот меѓу Ајакс и Тотенхем во Амстердам.

Тоа значи дека натпреварите на Ливерпул и Тотенхем од 37-тото коло на Премиерлигата ќе треба да бидат презакажани, бидејќи според програмата Ливерпул требаше да има натпревар против Њукасл на 5 мај, а Тотенхем да гостуваат кај Бурнемаут на 6-ти мај .

Финалето ќе се игра на 1 јуни на „Ванда Митрополитано” во Мадрид.

Share.

Leave A Reply