Одриозола: „Не дојдов овде да губам време, дојдов за да играм“

0

Новото засилување на Баерн Минхен, Алваро Одриозола е задоволен од новиот предизвик. 24-годишниот шпански бек ќе игра на „Алијанц арената“ до крајот на сезоната.

„Сакам да му се заблагодарам на клубот за интересот за мене. За мене е чест и привилегија да бидам дел од овој клуб. Го гледав многу пати на телевизија и отсекогаш сонував да играм овде. Подготвен сум. Не дојдов овде да губам време, дојдов да играм. Точно е дека не играв многу во последно време, но добро тренирам и подготвен сум да дадам сто проценти од себе. Веќе размислувам за мечот со Шалке и би бил многу среќен доколку играм“, изјави Одриозола.

Share.

Leave A Reply