Одржан е вториот модул од ИТФ обука Ниво 2 за тениски тренери

0

Во организација на Македонската Тениска Федерација (МТФ) и Македонскиот Олимписки Комитет (МОК), а во соработка со ИТФ и ИОК, се одржа обука за тениски тренери на која учествуваа 9 тренери од 6 тениски клубови членки на МТФ.

Обуката која беше организирана на највисоко ниво и финансирана со средства обезбедени од страна на Македонскиот Олимписки Комитет и Македонската Тениска Федерација е дел од програмата Развој на националниот спортски (тениски) систем во Република Македонија.

Предавачи на вториот модул беа ИТФ експертот, Хрвоје Змајиќ (Хрватска) и претседателот на тениската комисија на МТФ, Горан Шевченко. МОК и МТФ силно веруваат дека обуките се основа за долготраен квалитетен развој на тенисот во Република Македонија.

Share.

Leave A Reply