Одржана трката „Скопје трча 10 км“

0

Околу 900 натпреварувачи беа дел од трката на 10км и го исполнија булеварот „Илинден“ за трката „Скопје трча 10км“ (Skopje Run 10к). Атмосферата беше исполнета со радост, забава и фер натпревар кој дефинитивно го одбележа спортскиот начин на живеење во Скопје.

На Скопје трча 10КМ во машката трката од 10 километри прв заврши Дарио Ивановски со 30:55 минути, втор беше Муса Хајдари со 32:28 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:48 минути.

Кај девојките прва беше Греса Бакрачи, со 40:04 минути, второто место го освои Весна Кираџиева со 41:32 минути, а на третото место заврши Биљана Кираџиева со 43:14 минути.

Од штафетната трка најдобри беа 091 RUNCRW со 37:20 минути, по нив Pat & Mat со 37:21 минути и трети завршија Liria со 38:24 минути.

По трката и на првите три според категорија на возраст од 35 до 44 години, од 45 до 54 години и над 55 години им беа доделени дипломи. Воедно, спонзорите на Скопје трча 10КМ во лотарија доделија подароци на сите кои беа избрани по случаен пат.

Организатор на трката беше Сојузот на спортови на Град Скопје, во соработка со Атлетски Клуб Работнички и Атлетската федерација на Македонија и тие очекуваат оваа трка „Скопје трча 10КМ“ да прерасне во традиционален настан. Генерален покровител на „Скопје трча 10КМ“ е Агенција за млади и спорт, помогната од официјалните партнери и спонзори.

Оваа трка е дел од календарот на Атлетската федерација на Македонија (АФМ) и Европската атлетска асоцијација (ЕАА), а од следната година предвидено е да стане член на Меѓународната асоцијација на маратони и улични трки (АИМС).

Share.

Leave A Reply