Одржано државното првенство во кати во Традиционално карате

0

Македонската традиционална карате федерација, во текот на вчерашниот ден го одржа 52. Државен шампионат во кати во традиционално карате. Натпреварувањето беше одржано преку видео платформа за сите возрасни категории.

На шампионатот учество земаа 93 натпреварувачи од 15 карате клубови од Македонија. Во сениорска конкуренција, нови државни шампионби во кати за 2020 година станаа Спасе Стојанов од КК Шихан од Струмица и Мила Саздова од КК Работнички од Скопје.

Во категорија кадети, првите места ги освоија Максим Илиев од КК Шихан од Струмица и неговата клупска колешка, Александра Стојановска.

Share.

Leave A Reply