Официјално: Гевгелија ќе биде домаќин на Купот на Македонија во кошарка

0

Македонската кошаркарска федерација и официјално денес потврди дека завршницата на овогодишниот Куп на Македонија во кошарка ќе се игра во Гевгелија.

Натпреварите според планот ќе се одиграат од 15-17 февруари, а коорганизатори ќе бидат екипите на Блокотехна и Кожув.

Спортскиот директор на МКФ, Владимир Темелковски, заедно со Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашко Поцков како и претставниците на клубовите, Ѓорѓи Гетов (Кожув) и Драган Ристов (Блокотехна) одржаа средба во Гевгелија на која ги договарија последните детали околу самата организација за натпреварите од Купот во машка и во женска конкуренција.

Системот на натпреварување ќе биде ист како и минатата сезона. Првите осум екипи на табелата ќе бидат дел од четвртфиналната фаза во машка, додека во женска конкуренција ќе учествуваат првите четири екипи од првенството.

Актуелен освојувач на титулата во Купот на Македонија е МЗТ Скопје кој во финалето го совладат својот лут ривал Работнички , кој пак подоцна ја освои титулата.

Share.

Leave A Reply