Официјално: Хумелс се враќа во Борусија Дортмунд

0

Централниот дефанзивец на Баерн Минхен Матс Хумелс се враќа во Борусија Дортмунд по три сезони поминати на „Алијанц арена“. Веста беше потврдена на официјалната веб-страница на шампионот.

Причината за брзата реакција од Баерн беше тоа што престижните германски медиуми „Кикер“ и „Шпигел“ , денес открија дека двата клуба конечно се согласиле и трансферот ќе биде вреден 38 милиони евра со бонуси.

Откако ќе ги помине задолжителните медицински прегледи, Хумелс ќе го парафира договорот за три сезони со тимот од „Сигнал Идуна парк“. Тој исто така беше капитен на актуелниот германски вице-шампион.

Хумелс изразил желба за промена, бидејќи се чувствува потценето во Минхен, каде критиките кон играчите се далеку поголеми отколку во Дортмунд.

Одбрандбениот играч се враќа во Дортмунд исто како Марио Гетце кој исто така помина три сезони во Баерн, па се врати во Дортмунд. 30-годишниот Хумелес имаше уште две години од договорот со Баварците, кои пред три години платија на Борусија Дортмунд 35 милиони евра за неговите права.

Share.

Leave A Reply