Официјално: Лазаров се сели во Нант

0

Најдобриот ракометар на Македонија и капитенот на сениорската репрезентација Кире Лазаров во следните две сезони ќе го носи дресот на францускиот тим Нант.

Десниот бек на нашата селекција, кој беше најдобар стрелец на Светското првенство во Франција потпиша двегодишен договор со екипата која е учесникот во Лигата на шампионите. Лазаров се реши на нов предизвик откако ќе му истече договорот со Барселона.

kiril lazarov 1 - Barcelona

Кире Лазаров имаше понуда од Барселона за едногодишен договор, но сепак условите кои ги понуди Нант беа многу подобри и затоа Лазаров се одлучи за овој нов предизвик. Лазаров го носи дресот на Барселона вече четири сезони кои беа полни со успеси, но до крајот на оваа сезона може да освои уште неколку трофеи.

Kire Lazarov so trofej

Нант најавува дека со ангажманот на  Лазаров го започнува проектот во кој ќе ќе се обидат да се доближат до ПСЖ и Монпелје и да биде секоја година дел од Лигата на шампионите. Во својата кариера Кире Лазаров има настапувано за Овче Поле, Борец, Пелистер, Бадел 1862 Загреб, Фотекс Веспрем, Кроација осигурање Загреб, Атлетико Мадрид (Сиудад Реал) и Барселона. Во текот на овој дел од неговата кариера Лазаров има освоени 52 трофеи.

Share.

Leave A Reply