Официјално: Македа е нов играч на Пик Сегед

0

Стигна и официјална потврда дека е реализиран уште еден трансфер на ракометар на Вардар. Станува збор Хорхе Македа кој и дефинитивно заминува од Скопје.

Неговата следна дестинација ќе биде екипата на Пик Сегед, каде повторно ќе игра со Жуан Канељас.

„Време е да ги прекинеме шпекулациите. Можеме да соопштиме дека постигнавме договор со Македа за следните две години. Добро го познаваме, на неколку натпревари последниве две сезони ни беше противник. Не трева да се трошат зборови за негово преставување“, изјави Нандор Шеги, менаџерот на Пик Сегед за официјалната клубска веб страна.

Македа дојде во Вардар во 2015 година и беше дел од тимот кој го направи најголемиот клубски успех – освојувањето на европската титула. Сега на ред е Вардар кој треба да ги промовира своите засилувања кои доаѓаат од Пик Сегед, односно трансфери во обратен прваец. Се очекува од Сегед во Скопје да пристигнат Сергеј Горбок и Димитри Житњиков.

Share.

Leave A Reply