Денес беше одржан состанок на премиерот на Јапонија, Шинзо Абе со првиот човек на Интернационалниот Олимписки Комитет, Томас Бах и беше донесена одлука за одложување на Летните олимписки игри, кои ова лето требаше да се одржат во Токио.
Официјалниот профил на јапонскиот премиер, пренесе дека разговорите биле одржани и одлуката е донесена.
„Откако разговараше со претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет, премиерот Абе објасни дека одлуката за Олимписките игри е да не се откажат, туку поместат за летото 2021 година“, напишаа на Твитер.
Одлуката на премиерот на Абе и Бах е сосема очекувана, бидејќи коронавирусот во многу голема мера ја погоди спортската јавност, но Интернационалниот Олимписки Комитет се надеваше дека ситуацијата ќе се среди до лето.
Откако многу национални олимписки комитети најавија дека нема да учествуваат на ЛОИ доколку се одржат, оваа одлука беше немоновна. Се очекува уште официјална потврда за тоа кога ќе биде објавен точен датум кога ќе бидат одржани одложени игри.