На свечен начин и официјално беше отворено 21-то Светското првенство (СП) во фудбал кое стартуваше со првата средба меѓу Русија и Саудиска Арабија.
Атмосферата на стадионот „Лужники“ ја вжешти големата ѕвезда Роби Вилијамс, кој ги изведе своите најпознати хитови и ги разигра присутните на трибините. Исто така пееше и Аида Гарифулина, една од најпознатите руски оперски пејачки.
Говор на отворањето имаше првиот човек на земјата домаќин Русија, Владимир Путин, кој истакна дека фудбалот обединува и дека ова е еден од најголемите настани за земјата. Пред присутните исто така се обрати и првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.