ОФИЦИЈАЛНО: Суарез наредните две години дел од Атлетико Мадрид

0

Денес и официјално, Луис Суарез беше промовиран како нов фудбалер на Атлетико Мадрид. Уругваецот ги мина медицинските прегледи и стави потпис на двегодишен договор со тимот од „Ванда Метрополитано“.

Еден од најдобрите голгетери во Ла Лига ќе игра под водство на Диего Симеоне кој подолг период инсистираше за неговиот ангажман. Суарез доаѓа како засилување на нападот и ќе треба да го пополни празното место кое е испразнето со заминувањето на Алваро Мората во Јувентус.

Луис Суарез во својата кариера има настапувано за домашната екипа Насионал, а потоа преку Гронинген стигна до Ајакс. Дел од својата богата кариера ја помина и во Ливерпул, за да во последните шест години го носи дресот на Барселона.

Share.

Leave A Reply