ОФМ со порака до одбојкарите: „Може да се тагува, но не премногу“

0

По елиминацијата во групната фаза на европското првенство, откако Финска ја победи Турција синоќа со 3:2, нашите одбојкари мора да ги кренат главите и да гледаат кон следните предизвици. Македонија завршува како 17-та на ова ЕП, но во својот дебитантски настап успеа да оствари и две победи.

Од Одбојкарската федерација денеска излегоа со поддршка за одбојкарите, потсетувајќи дека наскоро ги чекаат и следни предизвици.

„Може да се тагува, но не премногу, ниту пак предолго. Наредните квалификации се во август, а следното европско за две години. Оваа генерација може уште еднаш да биде на континенталниот собир, а тогаш нема да зборуваме за прв поен, прв сет или прва победа. Тогаш ќе зборуваме за прво осминафинале!“

Share.

Leave A Reply