Охрид домакин на Европски тратлон куп и Балканско првенство

0

Денес во Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија беше одржана прес-конференција на која беше најавено одржувањето на Европскиот Триатлон куп и Балканското првенство во триатлон, кој Триатлон Федерација на Македонија ќе го реализира  во период од 14-16 Септември во Охрид.

Агенција за млади и спорт, како генерален покровител на настанот, покрај Општина Охрид и МОК, се вклучи во поддршка на овој врвен спортски настан кој за прв пат ќе се одржи во Охрид.

Патеката на која се одржува овој настан ќе започне на „Бафало бич“ каде ќе започне пливањето, па потоа велосипедизам до „Свети Стефан“ и на крајот трчање повторно до „Бафало Бич“.

За прв пат ќе биде одржан штафетен триатлон, дисциплина која ќе биде одржана и на ЛОИ во Токио 2020 година.

На самиот натпревар се очекуваат натпреварувачи од околу 20 земји во различни категории од кадетски, младински и сениорски категории и од двата пола или околу 300 натпреварувачи. Макеоднија ќе настапи со 60 натпреварувачи во сите категории.

Share.

Leave A Reply