Охрид продолжи договори со Манасков и Даниловски

0

Чуварот на мрежата на екипата на Охрид, Никола Даниловски и левиот бек Мартин Манасков и во следната сезона ќе го носат дресот на овој клуб. Како што објавија од РК Охрид, со двајцата ракометари е постигнат договор за уште една сезона, со што екипата полека го добива костурот за новата сезона.

И двајцата во Охрид дојдоа минатото лето, а со настапите оваа сезона очигледно го задоволија стручниот штаб и добија предлог договори за продолжување на соработката.

Share.

Leave A Reply