Популарниот Охридски полумаратон насловен како „Охрид ТрчаТ“ оваа година ќе мора да биде презакажан. Организаторите денеска објавија дека наместо 7 јуни како што првично беше планирано, годинешното издание на манифестацијата ќе се одржи во последниот викенд од август, 28-30.
„Во овој момент и со ваква ситуација, одлуката за избор на нов датум воопшто не беше лесна, размислувавме за вас и за нашите организациски пријатели низ целиот Балкан колку што можевме, така што искрено се надеваме дека успеавме да ви понудиме опција што е прифатлива за вас. Чувајте се и се надеваме дека ќе се видиме на трката во август“, порачаа организаторите.