Охриѓани направија тим за респект

0

Американецот, Маркус Џексон, е најновото засилување на кошаркарскиот суперлигаш АБ Охрид, пренесува денеска – „Охрид њус“.

24-годишното крило кое доаѓа од колеџот во Санта Барбара ќе биде седмото летно засилување за клубот. Претходно беа ангажирани: Марјан Младеновиќ, Војче Лефковски, Адем Мекиќ, Игор Пенов, Александар Штерјов и Данило Мијатовиќ.

Се очекува Охриѓани да донесат уште еден или двајца интернационалци и со тоа да го комплетираат тимот за новата сезона.

 

 

Share.

Leave A Reply