Оклахома го доби дербито во Портланд

0

Екипата на Оклахома Сити Тандер славеше како гостин над Портланд Трејлблејзерс со 129:121 по продолженија во дербито на вечерта во НБА лигата.

Расел Вестбрук со 37 поени и Пол Џорџ со 32 поени и 14 скока беа лидери во победата на гостите. На спротивната страна блескаше Демијан Лилард, кој нанижа 51 поен за Трејлблејзерс, а Јусуф Нуркиќ постигна „дабл-дабл“ од 13 поени и 17 скока.

Ова беше 40-та сезонска победа на Оклахома, која се искачи на третото место во Западната конференција, каде е во битка со тимовите на Портланд и Хјустон Рокетс за стартните три места.

Милвоки, пак, продолжи со одличните партии како лидер на Истокот. Синоќа Милвоки на домашен терен со убедливи 117-98 славеше над едек од колкурентите за висок пласман, Индијана.

Share.

Leave A Reply