Олимпијакос се засили со искусниот Американец Вотерс

0

Трикратниот европски кошаркарски првак, грчки Олимпијакос, обезбеди ново американско засилување за продолжението од сезоната во Евролигата. Како што објавија од клубот, од вчера нов кошаркар на „црвено-белите“ од Пиреа е 30-годишниот Доминик Вотерс, кој сезоната ја започна во италијански Канту,а претходно минатата година ја помина во редовите на друг грчки клуб, екипата на Арис од Солун. Во Канту оваа сезона, Вотерс имаше просек од 14,6 поени по натпревари и 7,6 асистенции.

Искусниот кошаркар своето деби ќе го очекува веќе утре кога Олимпијакос во продолжението од сезоната во Евролигата на домашен терен го пречекува тимот на Фенербахче во големото дерби на колото.

Share.

Leave A Reply