Олимпијците со скромни очекувања ќе патуваат на ЗОИ

0

Денеска во просториите на МОК беа претставени нашите олимпијци кои од 9-25 февруари ќе се појават во ПјонгЧанг на 23-те Зимски олимписки игри.

Антонио Ристевски – Алпско скијање слалом и велеслалом, Ставре Јада – Крос кантри: спринт и 15 км. и Викторија Тодоровска – крос кантри дисциплина 10 км, изјавија дека очекуваат да ги остварат нивните најдобри резултати и дека патеките не им се познати. Ристовски ќе се фокусира на трката во слалом додека нордијците ќе бидат насочени кон трките крос-кантри.

На 23-те зимски Олимписки игри треба да настапат спортисти од 92 земји а нашето знаме на свеченото отворање ќе го носи Ставре Јада.

 

Share.

Leave A Reply