Олимпик Лион не сака да слушне за продажба на Дембеле

0

Претседателот на Олимпик Лион, Жан-Мишел Олас, јасно стави до знаење дека клубот нема намера да го продаде напаѓачот Муса Дембеле ова лето.

Во последните денови се појавија гласини дека Јувентус има интерес за Французинот. Сепак, првиот човек на Лион е јасен со својот став дека таков трансфер нема да се случи затоа што Дембеле е симбол на проектот што клубот се обидува да го изгради.

„Олимпик Лион не е заинтересиран за никакви понуди за Дембеле. Тој е еден од симболите на нашиот нов проект. Не ме интересира Манчестер Јунајтед, ниту Јувентус. Станува збор за принципи“, напиша Олас на „Твитер“.

Share.

Leave A Reply