Оливие Жиру влезе меѓу најдобрите тројца голгетери на Франција

0

Напаѓачот на репрезентацијата на Франција Оливие Жиру го постигна вториот гол на мечот против Исланд за победата на Франција со 4:0 во квалификациите за ЕП и тоа го однесе меѓу тројцата најдобри стрелци во историјата на националниот тим.

Тој има одиграно само шест натпревари и постигнато еден гол во дресот на Челзи во текот на оваа сезона, но исто така е со импресивни 35 погодоци во 89 средби за селекцијата на Франција.

32-годишниот Жиру сега е сам на трето место на вечната ранг-листа на стрелците за Франција. Тој има еден гол повеќе од Давид Трезеге и заостанува со шест од Мишел Платини. Тиери Хенри е лидер според овој показател со 51 постигнат гол.

„Оливие треба да се гордее со постигнатото. Тој пристигна во репрезентацијата без многу минути одиграни за својот клуб оваа сезона. Тој игра во негов стил и носи многу позитивни работи за тимот”, изјави селекторот Дидие Дешамп по победата над Исланд во натпреварот од групата „Х“.

Share.

Leave A Reply