Онил не можеше да ги запре солзите

0

Говорот на Шекил Онил предизвика големи емоции кај присутните во „Стејпл центарот“ кои беа дел од комеморацијата  за Коби Брајант кој трагично го загуби животот во хеликоптерската несреќа во Калифорнија.

Онил и така наречената „мамаба“ беа главните ѕвезди во периодот кога „езерџиите“ доминираа во најсилната светска кошаркарска  конкуренција.

„Коби беше навистина талентиран. Срцето најмногу му го исполнуваше улогата на сопруг на Ванеса и татко на Џиџи, Наталија, Бјанка и Капри. Коби и јас се мотивиравме да ја играме најдобрата кошарката и горд сум што ниту една екипа по Лејкерси со Коби и Шек, не освоила три титули во низа. Мамба, прерано те земаа од нас. Коби, ти си МВП и во рајот“ – беа дел од зборовите во емотивниот говор на Онил.

 

Share.

Leave A Reply