Општината Ѓорче Петров посвети многу внимание на спортот во текот на изминатата година

0

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумовски денес го даде својот отчет за сработеното во текот на изминатата година, а според објавеното оваа општина може да се пофали со голем број на спортски активности и помош за спортските колективи во опшината.

Во текот на годината во општината Ѓорче Петров беше зголемена финансиската помош на ФК Македонија ЃП која останува стабилен прволигаш со одлични услови за работа на младите категории и првиот тим.

Исто така финансиски се помогнати сите спортски клубови кои се од Ѓорче Петров, а како дел од помошта беше реконструирано игралиштето на ФК Волково кој доби и стабилност во финансиска смисла. Исто така општината Ѓорче Петров ја реконструираше спортската сала во ООУ „Димитар П.Ѓ. Беровски“, како и голем број на спортски игралишта на територијата на општината.

Се мислеше и на најмладите па токму поради тоа беа реконструирани 20 детски играчишта со што се подобруваат условите и најмладите да се занимаваат со спортот. Општината и оваа година продолжи со организацијата на училишните лиги и финансирањето на училишниот спорт.

Share.

Leave A Reply