Оптимизам и внимателност во редовите на нашата репрезентација

0

Селекторот на нашата фудбалска реппрезентација, Игор Ангеловски, на прес-конференција пред утрешниот натпревар против Словенија кој ќе се игра во Љубљана, на стадионот „Стожице“ најави дека Македонија е квалитетна за да оди на три бода на оваа средба.

Предводникот на А-тимот по победата над Летонија очекува нов добар натпревар, на кој се посакува нов успех, но исто така рече дека мора да бидеме внимателни.

„Не се сложувам дека Македонија играше две различни полувремиња со Летонија. Првиот дел ни беше извонреден, но и во второто ја контролиравме играта. Сега не чека нов натпревар со нов противник. Имавме доволно време да се спремиме и потполно подготвени да влеземе во натпреварот. Секој противник си има свои добри и лоши страни. Што се однесува до Словенија, нивниот среден ред и нападот е подобриот дел од тимот. Имаат добра контра. Имаат фудбалери кои може да бидат опасни во маневр. Така што мора да бидеме внимателни. Но, јас сум повеќе концентриран на мојот тим. За составот немам дилеми, но се ќе биде познато на денот на натпреварот“, изјави Игор Ангеловски.

Стефан Ристовски, десниот бек на Македонија, со отпимизам зборуваше за утрешниот натпревар против Словенија. Играчот кој во минатото работеше со сегашниот селектор на Словенија, Кек, вели дека Македонија има добар тим и дека дошло време оваа генерација да направи нешто големо.

„Го познавам Кек добро, ги знам квалитетите, но и Словенија си има свој добри страни. Секој репрезентативец ќе сака да се покаже пред него. Се работи за прв квалификациски натпревар. Во изминатиот период научивме од грешките, долго време сме заедно. Македонија може да се надигрува со секого, без разлика на името на противникот. Убеден сум дека можеме да играме со овој ривал. Ривалите сега кон нас гледаат со други очи. Но, ова е фудбал, мора тоа да го докажеме на терен. Мора да го дадеме максимумот и да го почитуваме“, изјави Ристовски.

 

Share.

Leave A Reply