Организаторите на Роланд Гарос го зголемија наградниот фонд

0

Тенискиот сојуз на Франција денеска објави дека наградниот фонд на вториот сезонски Грен слем тениски турнир во Париз ќе се зголеми за 4,55% во однос на претходната година.

Тоа значи дека шампионите во машка и женска конкуренција ќе инкасираат 2,3 милиони евра додека финалистите ќе заработат 1,18 милиони, што е за 5,36% повеќе од 2018 година. Шампионите во машка и во женска конкуренција во двојки ќе добијат по 580.000 евра а финалистите по 290.000 или за 3,5% повеќе од досегашната сума.

Отвореното тениско првенство на Франција ќе започне на 26 мај а ќе заврши на 9 јуни. Во претходната сезона титулите ги освоија Рафаел Надал и Симона Халеп.

Share.

Leave A Reply