Тенисерот од Шкотска, Енди Мареј кој по операцијата на колкот најави дека повторно ќе се врати во белиот спорт, ќе има резервирано вајлд-карта за турнирот во Квинс кој е последната проверка за тенисерите пред Отвореното Првенство на Англија на терените на „Вимблдон“.
Организаторите на јунскиот турнир објавија дека една покана е резервирана за трикратниот гренд-слем шампион кој иако најави по собирот во Мелбурн дека ќе се пензионира, сега е решен да се врати на тенисот.
Жрепката за турнирот ќе биде на 17 јуни а учеството досега го потврдиле: Марин Чилиќ, Кевин Андерсон, Хуан Мартин дел Потро, Стефанос Циципс итн.