Ориги ќе чека понуда од друг тим

0

Раководството на Ливерпул постави висока трансферна цена од 20 милиони фунти за фудбалерот, Дивок Ориги, ако се земе в предвид дека досега не одигра ниту еден меч.

Напаѓачот кој ја помина претходната сезона како позајмен во Волфсбург и натаму не влегува во плановите на менаџерот, Јирген Клоп, кој секогаш предност му дава на Даниел Стариџ. Според медиумите, Ориги може да го напушти тимот во јануарскиот трансфер период доколку некој се согласи да плати 20. милиони фунти, што реално гледано, е навистина голема сума.

Се претпоставува дека „црвените“ сепак ќе прифатат да преговараат и да ја спуштат цената. За Ориги се заинтерсирани тимовите на Вулверхемптон и на Евертон.

Share.

Leave A Reply