Ориги знае дека го направил вистинскиот потег

0

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, објасни дека неговиот инстинкт го поттикнал да потпише нова долгорочна соработка со клубот. 24-годишниот фудбалер во текот на летово ја продолжи соработката со „црвените“ откако му истече претходниот договор.

„Дојде моментот кога морав да седнам на маса и да разговарам со клубот за да дознаам дали сакаат да го продолжат мојот договор. На крајот, мојот внатрешен глас ми рече дека морам да останам во Ливерпул“ – изјави Ориги.

„Нашиот тим е составен од многу талентирани фудбалери а позитивната енергија е сконцентрирана во целиот клуб. Имаме многу натпревари и секој од играчите е гладен за победи. Сакам да помогнам да се постигнат највисоките можни цели“ – рече Ориди.

 

Share.

Leave A Reply