Осака е новата победничка на Австралија Опен

0

Наоми Осака е годинешна победничка на првиот Грен Слем турнир, Австралија Опен. Во финалето Јапонката ја совлада чешката тенисерка Петра Квитова со 2:1 по сетови 7:6 (7:2), 5:7, 6:4.

Осака до својата втора титула од големите турнири стигна по голема борба која траеше два и пол часа. Првиот сет го реши во своја корист со подобра игра во тај-брејкот кој го доби со 7:2. Квитова успеа да и направи брејк на противнички сервис веќе во вториот сет, но Јапонката од 0:2 успеа да се врати и да поведе со 4:2. Вистинска драма беше видена во десеттиот гејм кога Јапонката сервираше за победа, но Квитова со два брејка стигна до израмнување во сетовите.

Во третиот сет, Осака успеа да ја врати самодовербата и со еден брејк и сигурен сервис да дојде до титулата во Мелбурн.

Share.

Leave A Reply