Останува дилемата дали Шарапова ќе игра на „Ролан Гарос“

0

Организаторите на вториот годинашен Грен Слем тениски турнир кој ќе се реализира на терените во Франција, објавија, дека на 16 мај ќе ја обелоденат одлуката дали Марија Шарапова ќе добие „вајлд карта“ за настап на терените на „Ролан Гарос“.

Русинката која мораше да одлежи подолга казна поради допинг, денеска ќе се сретне со Италијанката, Роберта Винчи (Италија) на силниот турнир во Штутгарт. Шарапова потоа ја очекуваат настапите и на собирите во Рим и Мадрид.

Во меѓувреме, повеќето од тенисерките што се сместени во горната половина на светската ранг-листа, јасно ставија до знаење дека се против 30-годишната Русинка да добие покана од организаторите на различни турнири.

Share.

Leave A Reply