Осум имиња во игра за местото на Венгер

0

Раководството на Арсенал има осум имиња на листата на потенцијални заменици на Арсен Венгер. На листата има пет главни стратези, како и три поранешни фудбалери на тимот.

Во првата група се тројца тренери без ангажман, Луис Енрике (екс Барселона), Томас Тухел (екс Боруссия Дортмунд) и Карло Анчелоти (екс Баерн), како и тренерот на Јувентус Масимилиано Алегри и тренерот на Хофенхајм, Џулијан Нагелсман.

Од поранешните играчи на Арсенал раководството ги разгледува кандидатурите на Микаел Артета, кој во моментов е помошник на Гвардиола во Манчестер Сити, на поранешниот капитен на Арсенал, Патрик Виеира и рекордерот по голови за тимот, Тиери Анри.

Share.

Leave A Reply