Отворен е посебниот дел за младите фудбалери

0

Денеска во присуство на висока делегација на УЕФА предводена од претседателот Александар Чеферин, беше пуштен во употреба новиот објект во рамките на „Куќата на фудбалот“ кој има капацитет за учениците од Елитната академија како и за младите национални тимови. Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, пред видни личности од општественото и спортското живеење во нашава земја, истакна дека е задоволен од работата на македонската фудбалска федерација.

„Ќе продолжиме да соработуваме со ФФМ со цел да се развива фудбалот во Македонија. Бевме со Вас во Скопје на одлично организираниот Супер купот. Сега сме тука да продолжиме со проектите. Македонија има одлични резултат во сите младински категории“ – рече меѓу другото Чеферин.

Меѓу гостите од светскиот и европскиот фудбал беа присутни и Марко Ван Бастен, легендарниот холандски фудбалер кој е директор за технички развој во ФИФА, Зоран Лаковиќ директорот на одделот за Национални асоцијации при УЕФА и Бјорн Васало, директор на Национални селекции во ФИФА. Веднаш по свечениот дел Чеферин заедно со вице-премиерот, Кочо Анѓушев и официјално го отворија интернатот за младите фудбалери.

Share.

Leave A Reply