Денес беше отворена изложбата на 242 детски ликовни творби и 23 инфопанели на тема „БОРБА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО И ДИСКРИМИНАЦИЈАТА МЕЃУ МЛАДИТЕ ВО СПОРТОТ“ кои беа пријавени на конкурс кој го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија (ФУСМ) и Детскиот ликовен центар – Скопје (ДЛЦ), а во рамки на проектот Фер шанса за млaдите во спортот кој го финансира ЕУ преку програмата Еразмус+.
Овој проект се реализира со учество на партнери од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Италија и Бугарија, а нашата земја ја претставува Федерацијата на училишен спорт на Македонија.
„Целта на проектот е да се превенираат сите овие дивијантни појави, насилство, дискриминација и расизам во некои од земјите, особено помеѓи младите во уличишниот спорт. Во проектот учествуваа десет партнерски училишта каде ги анкетиравме учениците за нивната перцепција дали има такви ппојави“ истакна Др.- Зоран Поповски, задолжен за овој проект во ФУСМ.
За жал заради заострување на ситуацијата предизвикана од КОВИД-19 пандемијата, а во функција на заштита на здравјето на децата и наставниците отварањето на изложбата беше организирано online без физичко присуство, освен за претставниците на ФУСМ и ДЛЦ.