Отвореното првенство на САД го зголеми наградниот фонд

0

Наградниот фонд на последниот годинашен тениски Грен Слем турнир – „САД Опен“, достигна рекордно високо ниво.

Сега сумата ќе биде околу 53 милиони или речиси  5 проценти повеќе во однос на 2017 година. Победниците во машка и женска конкуренција ќе заработат по 3,8 милиони долари, што е за 100.000 долари повеќе од изминатата година. За поразените во финалето се предвидени 1,85 милиони.

Победниците во двојки (мажи и жени) ќе добијат по 700.000 долари. Јубилејното 50-то издание на Отвореното првенство на САД ќе се одржи од 27 август до 9 септември.

Share.

Leave A Reply