„Оваа сезона да бидеме среќни ако има и 11 трки во Формула 1“

0

Поранешниот возач во Формула 1, Марк Зурер, смета дека Формула 1 оваа година нема да има повеќе од 15 трки.

„Планирано беше да се одржат 22 трки, но ние ќе сме среќни ако видиме и 11. Сезоната може да биде прогласена за првенство само ако според прописите се одржат најмалку 8 трки. Досега официјално е откажана само трката во Монако, а останатите се одложени. Но, сите треба да бидат свесни дека времето минува. Прашање е кои трки ќе се одржат оваа сезона. Не можам да сфатам како Формула 1 планира да одржи меѓу 15 и 18 трки сезонава“, вели Зурер.

Share.

Leave A Reply