Овечкин стигна до 600 гола во НХЛ лигата

0

Александар Овечкин продолжува со својата извонредна кариера во НХЛ лигата и синоќа стана 20-от играч во историјата на НХЛ лигата со постигнати 600 гола.

Русинот постигна два гола во победата на Вашингтон над Винипег со 3:2, а јубилејниот погодок го постигна по 3 минути и 53 секунди игра втората третина.

Навивачите избувнаа со овации, а на следниот прекин на играта во салата беше прикажана посебна компилација на некои од најпознатите голови и настапи на Овечкин, кој оваа сезона е лидер според постигнатите голови во лигата со 42 постигнати гола.

Тој е третиот најмлад хокеар кој стигнал до оваа граница, а побрзо од него тоа го направија само легендите Вејн Грецки кој е број 1 по постигнати голови со 894 и Марио Лемјо со 690.

Share.

Leave A Reply