Со одржувањето на традиционалниот боксерски турнир „Златен Гонг“ продолжува традицијата која трае веќе 48 години, а Боксерската федерација на Македонија, како и досега под покровителство на Агенцијата за млади и спорт на Македонија преку Владата на Република Македонија, во соорганизација со Градоначалникот и Советот на град Скопје, Сојузот на Спортските федерации на Македонија се јавува како главен организатор на овој боксерски турнир. 48-то издание на „Златен Гонг“ ќе се одржи на 9-10 ноември 2018 година, по повод одбележувањето на Празникот „Ослободување на Град Скопје – 13 Ноември”.
Нашата земја на овој турнир ќе ја преставуваат -52 кг. Џан Демиров, -60 кг. Јасин Лама, -64 кг. Денис Муаремовски, -64 кг. Алим Насуфи, -69 кг. Гоце Јанески, -69 кг. Љулзим Исмаили, -75 кг. Октај Фератов, и -81 кг. Арсим Етеми.
Турнирот се предвидува да се одржи на високо спортско и квалитетно ниво. На турнирот ќе земат учество осум земји: Албанија, Бугарија, Косово, Полска, Романија , Словенија, Србија и Македонија. Се очекува да се одржат 14 борби во полуфиналето и 9 девет борби во финалето.
09.11.2018 година (петок)
Полуфинале
СЦ „Борис Трајковски” – Мала Сала
17:00 часот Натпревари
18:30 часот свечено отворање
18:45 часот Натпревари
10.11.2018 година (сабота)
09:00 часот Хотел „Континентал”
Едукативен центар при БФМ – Семинар за стручни кадри во боксерскиот спорт
ФИНАЛЕ
СЦ „Борис Трајковски” – Мала Сала
12:00 часот Натпревари