Овој викенд се одржува второто коло од Балканската регионална лига во пинг понг

0

Следниот викенд , на 8 и 9 Февруари (сабота и недела) Скопје ќе биде домаѓин на второто коло од Балканската регионална лига за млади играчи во пинг понг.

Натпреварите ќе се одржат во СЦ Борис Трајковски во А1 Арена (мала сала) Првото коло се одржа во Приштина, Косово каде што јуниорките од нашата репрезентација беа убедливо први во поединечна и екипна конкуренција.

Во натпреварите учествуваат кадетската репрезентација и јуниорската репрезентација. Екипните натпревари се планирани за во сабота, додека поединечните натпреварувања се во недела.

Македонската репрезентација ќе ка претставуваат:
Јуниори
Даниел Главевски Зхоу – ППК Мултитекс
Теодор Волкановски – ППК Крушево

Јуниорки
Бојана Михаловска – ППК Рисови
Ана Стојановска  -ППК Крива Паланка

Кадети
Борис Секулов – ППК Астраион
Лука Стојчев – ППК Шампион ФА

Кадетки
Сара С.Стојановска – ППК Крива Паланка
Васе Богоевска – ППК Крушево

На регионалната лига учество ќе земат три држави: Македонија; Косово и Црна Гора. Натпреварите и во двете конкуренции, екипна и поединечна започнуваат во 9 часот.

Share.

Leave A Reply