Ожие ги откри плановите

0

Себастиен Ожие се определи да остане во светскиот рели шампионат и да ја брани петтата титула со сегашниот приватен тим М-Спорт. Францускиот возач којпретходно возеше за Фолксваген имаше отворени понуди од Тојота, Ситроен и Хјундаи.

„Не можев да зборувам во јавноста иако извесно време знаев дека сакам да останам со М-Спорт. Сега кога е јавно, можеме да се сконцентрираме на работата. Зборував со другите тимови и сакав да се уверам, не само за парите, бидејќи тие не можат да ти купат одличен тимски шеф“ вели Ожие.

„Никој друг не побуди кај мене чувства како Малком Вилсон. Навистина мислам дека тој работеше напорно за да ме задржи а јас се радував на соработката со него“ вели Французинот.

Share.

Leave A Reply