Германскиот фудбалски репрезентативец, Месут Озил, кој е убедливо најплатен играч на Арсенал со неделна плата од 350.00 фунти, најверојатно ќе биде ставен на трансфер пазарот уште во јануари.
Играчот од средината на теренот кој пропушти неколку средби на „топчиите“ поради наводна повреда на грбот, не влегува во плановите на тренерот Унај Емери и затоа ќе добие зелено светло да си замине. Британските медиуми тврдат дека неговата цена е 25 милиони фунти што не би требало да претставува проблем за неколку екипи кои сакаат да го имаат во нивните редови.
Претходно беше објавено дека Озил добил понуда од Интер. Наводно Италијанците му поставиле услов да се согласи на помала плата. Како негова можна дестинација се споменуваше и тимот на Манчестер Јунајтед.