Озил до јуни останува во Арсенал

0

Арсенал нема да го продаде Месут Озил во овој преоден рок, иако Германецот има договор со тимот до крајот на сезоната и нема да потпише нов. Менаџерот на лондончани вели дека Озил до лето останува во нивниот тим.

„Дали Озил ќе остане во клубот? Да, се разбира. Нема да се разделуваме со него и тој ќе си го исполни договорот до крај“, изјавил Французинот.

Во Арсенал одамна се свесни дека ќе го загубат Озил на крајот на сезоната, па затоа забрзано се работи за пронаоѓање на адекватна замена.

Share.

Leave A Reply