Озил ќе го чека летото за да го напушти Арсенал

0

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, најверојатно во текот на летото ќе го напушти тимот од Лондон како слободен играч, напишаа дел од медиумите во Англија.

Играчот за врска пред извесен период одби да го продолжи договорот со „топчиите“ и јасно стави до знаење дека не е задоволен од понудените услови. Иако се шпекулираше дека Озил може во зимскиов преоден рок да си замине за минимална сума, сепак тоа нема да се случи.

Репрезентативецот на „панцирите“ во неколку наврати појасни дека сака да остане во Премиер лигата иако не би имал ништо против да замине и во друга земја. Сега се шпекулира дека за неговите услуги се заинтересирани неколку италијански екипи.

Share.

Leave A Reply