Атлетичарката, Бригид Косгејт, постави светски рекорд за жени на маратонот во Чикаго. 25-годишната Кенијка го претрча 42-километарското растојание на една од најголемите трки во светот за 2 часа, 14 минути и 4 секунди, со што го подобри светскиот рекорд на Британката, Паула Редклиф од 2003 година за 1 минута и 24 секунди.
Претходно годинава Косгејт го освои и маратонот во Лондон кога стана најмладиот победник во британската престолнина. Кенијката ја повтори победа од претходната година низ улиците на Чикаго откако успеа да ја добие битката со Абабел Јешанех и Гелети Бурка , две атлетичарки од Етиопија.
Кај мажите, победи Кениецот, Лоренс Чероно пред Етиопјаните, Дегене Дебела и Асефа Менгсту. Британецот Мо Фарах, кој победи на маратонот во Чикаго во 2018 година, беше само осми со 2 часа, 9 минути и 58 секунди.