Паѓаат во вода најавите од Нион за присуство на гледачи во ЛШ

0

Здравствените власти во Португалија ја одбија идејата на челниците на УЕФА на завршните мечеви во Лигата на шампионите во Лисабон да има одреден број на гледачи на трибините.

„Нема шанси да има навивачи на трибините гледајќи ја комплетната епидемиолошка слика“- рече секретарот во португалското Министерство за здравство, Антонио Ласерда Салес.

„Не знаеме како ќе се развива ситуацијата, но, веруваме дека нема драстично да се промени“ – додава Салес. Во неговата земја има 41 илјада заразени и 1.500 смртни случаи од ковид-19.

 

Share.

Leave A Reply