Пакиао vs. Хорн на 23 април во Бризбејн?

0

Американскиот промотор на едно од најпопуларните имиња во светскиот бокс, Мани Пакиао, потврди дека филипинскиот боксер се согласил на борба со Австралиецот Џеф Хорн. Боб Арум, кој работи како застапник за Пакиао во сетскиот профи-бокс, изјави дека се е договорено за борбата со Хорн и истата ќебиде закажана на 23 април.

Засега не е позната локацијата на која Пакиао и Хорн ќе ги вкрстат ракавиците. Се претпоставува дека Австралиецот ќе се обиде да добие битка на домашен терен, па веќе е понуден Бризбејн и стадионот „Санкорп“ како место на кое би можела да се одржи оваа борба.

Одлуката, сепак, двете страни треба да ја донесат на следниот состанок.

Share.

Leave A Reply