Екипата на Палермо, во чии редовинастапуваат и македонските репрезентативци Алекс Трајковски и Илија Несторовски се соочува со голема финансиска криза и доколку до 15 февруари не најде решение, оди во стечај.
Тимот е во сериозни финансиски потешкотии, а играчите не зеле плата за ноември и декември. Ако истите не бидат исплатени до средината на овој месец, клубот мора да објави стечај.
Извршниот директор на Палермо, Емануеле Фачиле, води разговори со локалниот бизнисмен Рафаело Фолиери за продажба на клубот, но преговорите се прекинати, а според “Ла Република” нема ни да бидат обновени.
Палермо има одлична сезона и се наоѓа на 2. место во Серија Б.